Достапни линкови

Шпанија-демонстрантите го напуштаат плоштадот во Мадрид


Младите демонстранти во Шпанија, кои три недели запоседнаа еден од најпрометните плоштадите во Мадрид во знак на протест против економската состојба во земјата, денеска го напуштаат плоштадот. Протестите почнаа на 15 мај и се проширија и во другите градови низ Шпанија, како и во повеќе места во Европа. Некои од учесниците гласаа протестот против високата невработеност и политичката корупција, и понатаму да продолжи , но мнозинство се одлучија да го напуштат плоштадот. По што на сцена стапија градските хигиеничари за да го исчистат.
XS
SM
MD
LG