Достапни линкови

„Интернет во куфер“ за десидентите против владината цензура


Соединетите држави подготвуваат технологија со која ќе им се овозможи на десидентите во некои земји да ја избегнат владината цензура, која сака да ги замолчи, преку затварање на телекоминикациските мрежи, објавува Њујорк тајмс. Еден од проектите насловен „интернет во куфер“, ќе им овозможи брз безжичен пристап на десидентите во земји како Иран, Сирија и Либија. Понатаму е планирано да се формира и независна мобилна телефонија.
XS
SM
MD
LG