Достапни линкови

Мексико-60 години затвор за убиецот на полицискиот шеф


Шеесет години затворска казна доби обвинетиот за убиство на шефот на полицијата во Мексико Едгар Милан Гомез. Гомез беше убиен во 2008-та во својата куќа во Мексико сити. Уште еден човек вмешан во случајот е осуден на казна затвор од една година, заради поседување на недозволено оружје. И двајцата припаѓале на злогласниот нарко картел Синола. Картелот беше главна мета на операцијата, што ја предводеше Гомез непосредно пред својата смрт. Претседателот на Мексико Филипе Калдерон по доаѓањето на власт во 2006-та им објави војна на нарко картелите. Во меѓусебните судири досега загинале повеќе од десетина илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG