Достапни линкови

logo-print

Затворени 2 спора на македонски организации против Бугарија


Македонски глас, весник на Македонците во Бугарија

Македонски глас, весник на Македонците во Бугарија

Комитетот на министри на Советот на Европа, реши да затвори два предметите на македонските организации во Бугарија против Бугарија. На таков чекор се решиле бидејќи Бугарија ги исполнила обврските кои произлегуваат од пресудите донесени во Европскиот суд на правдата. Двете пресуди се однесуваат на правото на слободно и мирно состанување на Македонците во Бугарија. Комитетот на министри, во извештајот наведува дека Бугарија ја прекршила Европската конвенција за човекови права, во периодот од 1998 до 2003-та со забраната за слободно собирање на организациите ОМО Илинден и ОМО Илинден Пирин. Но Бугарија ставила крај на кршењето на човековите права и затоа Советот на Европа ги затвара овие два случаи.
XS
SM
MD
LG