Достапни линкови

Светски ден против злоупотребата на детскиот труд


Деца-питачи на Камениот мост во Скопје

Деца-питачи на Камениот мост во Скопје

Денеска се одбележува Светскиот ден против злоупотребата на детскиот труд. Стотици милиони деца во светот се жртви на детскиот труд, лишени од основните права, соопштуваат меѓународните институции. За прв пат овој ден е одбележан во 2002-та кога Меѓународната организација на трудот реши да се нагласи состојбата на злоупотребените деца. Во 2010-та во светот имало 215 милиони деца работници, а 115 милиони деца биле вклучени во работи опасни по здравјето, безбедноста и моралот. Во одбележувањето се вклучува и првата детска амбасада во светот Меѓаши. Од таму велат дека во Македонија има околу 18 илјади деца кои не одат на училиште и над 2000 деца кои секој ден го поминуваат на улица.
XS
SM
MD
LG