Достапни линкови

Клинтон го поздрави убиството на лидерот на Ал Шабааб


Фазул Абдулах Мохамед

Фазул Абдулах Мохамед

И со ДНК анализа е потврдено дека во Могадишу е убиен Фазул Абдулах Мохамед, организаторот на терористичките напади врз американките амбасади во Кенија и Танзанија во 1998. Тој е е застрелан од сомалиските сили минатата недела. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон, која вчера беше во посета на Танзанија го поздрави овој настан и рече дека тоа е крај на терористот кој уби и им нанесе болка на многу невини луѓе. Убиството на Фазул е трет голем удар за Ал-Каеда, за само шест недели. По убиството на терористичкиот водач Осама бин Ладен на 2 мај, пред една недела беше убиен и оперативниот водач на Ал Каеда Иљас Кашмири осомничен за нападите во 2008 година во Мумбаи . Се верува дека Фазул е лидер на крилото на Ал Каеда за Источна Африка и врховен командант на Ал Шабааб, исламистичката група која се обидува да ја контролира Сомалија.
XS
SM
MD
LG