Достапни линкови

Шефот на Израелската банка нов кандидат за шеф на ММФ


Француската министерка за финансии Кристин Лагад важи за фаворит.

Француската министерка за финансии Кристин Лагад важи за фаворит.

Гувернерот на Израелската Централна банка Стенли Фишер се кандидираше за функцијата шеф на ММФ, соопштуваат од Банката. Фишер изјави дека му се отворила можноста да се кандидира за шеф на ММФ, и после долго размислување решил да ја прифати таа животна шанса. Тој на чело на Израелската банка е од 2005-та, а претходно имаше високи функци во Светската банка и во Ситигруп корпорацијата.
Како негова заслуга се смета тоа што тој допринесе Израел во голема мера да ја одбегне светската економска криза. Но и покрај своите успеси , Фишер тешко дека ќе дојде до функцијата шеф на ММФ, бидејќи таа функција традиционално им е наменета на европските функционери. Француската министерка за финансии Кристин Лагад важи за фаворит. Последниот директор на ММФ Доминик Строс Кан си поднесе оставка, по обвиненијата за сексуално малтретирање.
XS
SM
MD
LG