Достапни линкови

logo-print

Меѓународниот монетарен фонд цел на сајбер напади


Од Меѓународниот монетарен фонд соопштија дека водат истрага за напад врз нивниот компјутерски системи. Портпаролот на ММФ изјави дека системот на Фондот е целосно функционален. „Блумберг њуз“ објави дека компјутерскиот систем на ММФ бил нападнат од хакери за кои се верува дека се поврзани со некоја странска влада. По нападот на системот, исчезнале електронски адреси и други документи „ Њујорк тајмс“ пак објавува дека ММФ во последните неколку месеци е на удар на сајбер напади , кои компјутерските експерти ги опишуваат како големи и софистицирани напади.
XS
SM
MD
LG