Достапни линкови

logo-print

Амнести интернешнл со осуда за полицијата во Хрватска


Хрватска

Хрватска

За меѓународната агенција за човекови права Амнести интернешнл срамно е што хрватската полиција не успеа адекватно да ги заштити учесниците на сплитската Парада на гордоста. Од организацијата велат дека властите веднаш треба да истражат што се случило. Полицијата мора апсолутно јасно да стави до знаење дека дискриминирачкото насилство е кривично дело и дека нема да се толерира, изјави директорот на организацијата за Европа и централна Азија, Никола Дакворт. Вчерашната Парада на гордоста беше прекината откако 200-те учесници беа нападнати од друга организирана група која броела 4.000 луѓе. Полицијата привела над 300 насилници, и ги евакуирала учесниците на парадата.
За една недела и во Загреб ќе се одржи Парада на гордоста.
XS
SM
MD
LG