Достапни линкови

Силите на Гадафи бомбардирале културно наследство


Либиски бунтовници

Либиски бунтовници

Трупите лојални на либискиот лидер Маомер Гадафи го опколиле градот Злитан, кој се наоѓа 160 километри источно од Триполи. Таму продолжуваат борбите со бунтовниците. Борбите во Либија продолжуваат и покрај дипломатските напори Гадафи да си оди од власта. Во меѓувреме, либиските бунтовници ги обвинија силите на Гадафи дека го бомбардирале културното наследство во западниот град Гадамеш кој е заштитен од УНЕСКО.
XS
SM
MD
LG