Достапни линкови

Се разгоруваат борбите во јеменската провинција Абиџан


Најмалку 10 јеменски војници и 21 милитант на Ал Каеда се убиени во судирите во јужен Јемен, соопштуваат од јеменското министерство за одбрана. Насилствата се разгореа во градот Занџибар во провинцијата Абиџан, помеѓу воените трупи и милитантите кои контролираат поголем дел од територијата во провинцијата. Војската соопштува дека тројца милитанти и еден војник се убиени во градот Лодер, исто така во Абиџан. Последните насилства се разореа, откако претседателот Али Абдула Салех замина во Саудиска Арабија на медицински третман. Соединетите држави се загрижени дека огранокот на Ал Каеда во Јемен, ќе ја искористи нестабилноста во земјата.
XS
SM
MD
LG