Достапни линкови

logo-print

Генерален штрајк во Кашмир, против индиското владеење


Анти-индиски протести во Кашмир

Анти-индиски протести во Кашмир

Водачот на кашмирските сепаратисти Саид Али Шах Гилани денеска прогласи генерален штрајк во таа област на Шималаите, во чест на загинатите луѓе во текот на трите години протести против Индија. Најголем дел од продавниците, училиштата, градскиот превоз во големите градови денеска не работеле, а вооружани полицајци патролирале низ улиците. Гилани повика на генерален штрајк, затоа што во четвртокот беше ставен во домашен притвор за да не може да ги предводи демонстрациите против индиското владеење. Кашмир е поделен помеѓу Индија и Пакистан, но двете земји тврдат дека целата територија им припаќа. Незадоволството од индиското владеење ги натера луѓето да протестираат, а за три години колку траат протестите загинале околу 180 луѓе.
XS
SM
MD
LG