Достапни линкови

logo-print

По насилствата, прекината геј -парадата во Сплит


Од геј-парадата лани во Загреб

Од геј-парадата лани во Загреб

Повеќе учесници на Парадата на гордоста , како и неколку новинари и сниматели кои го следеле настанот во Сплит, се повредени денеска, по што манифестацијата е прекината. Околу 200 учесници во Поворката наишле на отпор од друга организирана група, која фрлала со камења, шишиња, петарди и солзавец кон учесниците на Парадата. Полицијата привела десетина насилници. Ова е прва геј парада организирана во Сплит. Организаторите се пожалиле дека полицијата не си ја завршила добро работата и не успела да ги заштити учесниците на Парадата. На парадата имало и гости од Белград, Љубљана, и од други градови.
XS
SM
MD
LG