Достапни линкови

Во заседа од Ал Каеда загинале 5 јеменски војници


Пет јеменски војници загинале а неколку се ранети во заседа која ја поставиле припадници на Ал Каеда, недалеку од Лодер, во провинцијата Абиџан , која е упориште на екстремистите на југот на Јемен, јавуваат агенциите. Напаѓачите отвориле оган од автоматско оружје врз воениот конвој кој пренесувал војници и храна за воената база во Лодер. Екстремистите,припадници на јеменското крило на Ал Каеда, го зазедоа градот Зинџибар, главниот град на провинцијата Абиџан, на крајот на мај и од тогаш пружаат отпор на јеменската војска.
XS
SM
MD
LG