Достапни линкови

Филип Гордон идната недела во посета на Западен Балкан


Филип Гордон

Филип Гордон

Американкиот помошник државен секретар Филип Гордон од 13 до 17 јуни ќе престојува во посета на Западен Балкан, соопшти Стејт департментот. Гордон ќе ги посети Белград, Приштина, Сараево и Загреб, каде ќе се сретне со високи владини претставници и лидери на заедници. Во соопштението се наведува дека во земјите што ќе ги посети Гордон ќе ја потврди поддршката на САД во изградба на просперитетни, мирољубиви и демократски општества, на пат да го заземат своето заслужено место како полноправни членки на европските и евроатлантските интеграции.
XS
SM
MD
LG