Достапни линкови

Нафтената компанија „Роснефт“ му најде замена на Сечин


Русскиот заменик-премиер Игор Сечин

Русскиот заменик-премиер Игор Сечин

Руската нафтена компанија "Роснефт" назначи нов претседател на бордот откако заменик-премиерот Игор Сечин се повлече од функцијата. Неговото повлекување беше дел од планот на претседателот Дмитриј Медведев да ги тргне високите функционери од државните компании. За претседател на "Роснефт" е избран Александар Некипелов. Сечин, си поднесе оставка во април, откако Медведев објави дека официјалните лица не треба да членуваат во одборот на директори на државни компании, потег кој треба да послужи за подобрување на инвестиционата клима.
XS
SM
MD
LG