Достапни линкови

Интервју – Ален Бергант


Ален Бергант
please wait

No media source currently available

0:00 0:10:18 0:00

Ален Бергант, Амбасадор на Словенија во Македонија

Прва задача на новата македонска влада ќе бидат реформите и најзначајното прашање за евроатлантските интеграции на Македонија, продолжување на преговорите со Грција.

Амбасадоре евидентно е дека спорот со името со соседна Грција беше фрлено во сенка на предвремените парламентарни избори. Дали тоа го забави процесот на евроинтеграција на Македонија?

Јас мислам дека не го забави. Сега Македонија треба да добие што побрзо влада, убеден сум дека земјата ќе добие влада пред 10 Август согласно законот и првата задача на новата македонска влада ќе биде продолжување на реформите и исто така ова најзначајно прашање кога зборуваме за евроатлантските интеграции на Македонија, значи треба да се продолжи со преговорите со Грција. Се надевам дека што побрзо ќе се најде компромисно решение и кога тоа ќе се најде тоа решение како што знаеме сега сите партии во Парламентот постигнаа согласност за референдум. Значи кога ќе се најде компромисно решение заедно владата, собранието, опозиционите партии, претседателот на државата, да се појават пред македонскиот народ и да кажат ова е компромисно решение, ова е добро за Република Македонија и тоа ќе значи напредок кон НАТО. Мислам дека во регионот имаме една држава, Црна Гора која добро напредува и веќе има кандидатски статус така што очекуваме дека Црна Гора ќе добие во Брисел некои позитивни сигнали од Брисел, можеби и Србија, така што се надевам на овој воз да се приклучи и Македонија, значи да не биде изолирана, туку да се движи напред и оваа влада има одговорност тоа да го направи бидејќи околу 90% од граѓаните на Македонија се за приклучување во НАТО, се за европска иднина на земјата, а тоа значи и подобар живот.

Во јавноста се создава впечаток дека спорот за името со Грција е единствената пречка за влез во ЕУ. Ваш коментар?

Ова според мене е најголема пречка што треба да се реши, бидејќи Македонија сеуште нема ниту почнато со преговорите така што треба да продолжи со реформите. Знаеме дека минатата година во извештајот Македонија доби забелешки за подрачјето на јавната администрација, судство, корупција, организиран криминал итн. Значи, треба да се продолжи со реформите за кои што сега поради вонредните избори се изгуби време, поради тоа што побрзо треба да биде формирана македонската влада бидејќи веќе нема време и секако сакаме и извештајот во октомври да биде позитивен и да се добие трета препорака за почетокот на пристапните преговори со ЕУ.

Судејќи по искуствата на вашата земја која што сега е полноправна членка на Унијата, кои се клучните реформи на кои Македонија треба да се фокусира за полноправно членство?

Имавме 35 поглавја. Кај нас е тешко да се рече што беше најважно, но можеби тоа беше реформата на земјоделството. Тоа беше една од најтешките реформи, исто така и јавната администрација, правосудството, медиумите... значи исто како и Македонија која ќе треба да го прооди истиот пат како и Словенија и поради тоа Словенија секогаш е подготвена да го сподели своето искуство со Македонија за да не ги повторувате истите грешки. Кај нас преговорите траеа четири години, но јас сум убеден дека Македонија може и за пократко да ги заврши преговорите, може да ги користи и искуствата на Република Хрватска или последните две држави, а тоа се Бугарија и Романија.

Ги споменавте медиумите. Според ваша проценка, дали медиумите во Македонија успеаа да ја одбранат титулата „чувари на демократијата“?

Па видете кога се зборува за медиуми неодамна беше објавен извештајот од ОБСЕ/ОДИХР и од Совет на Европа во кој беше забележано дека медиумите се поларизирани, дека се под влијание на одредени политички партии, на сопствениците на медиумите. Значи, главна забелешка е дека се поларизани што се виде и во известувањето за изборите. Медиумите треба да се независни и Македонија на некои листи за слобода на медиумите, како за жал и Словенија, оваа година многу забележаа пад. Значи треба многу да се работи, а исто така и вие медиумите треба самите да го подигнете нивото на известување. Значи нивото на медиумите и според оценката на другите меѓународни организации, е на едно не многу високо ниво и тоа ќе биде предизвик во наредните месеци. Убеден сум дека ќе успеете.

Какви последици ќе има Македонија доколу постои кочење на евроатлантските интеграции?

Јас мислам дека Македонија нема друга алтернатива освен приклучување во НАТО и ЕУ. Македонија неможе да биде сива зона тука на Балканот. Имате две соседни држави Бугарија и Грција кои се членки на двете организации, Албанија на една од нив, Србија исто така се движи напред итн, така што јас мислам дека не треба и воопшто да се размислува бидејќи немате друга подобра алтернатива од ЕУ и НАТО и поради тоа уште еднаш сакам да повторам дека треба да се продолжи со реформите и убеден сум дека годинава ќе можеме да забележиме успех во понатамошното приближување на Македонија кон ЕУ и НАТО.

Економијата беше актуелна во предизборието, но евидентно е дека економските зони не работат со полн капацитет, покрај рекламни спотови, промоции, поволности итн, што според вас ги кочи странските инвеститори?

Тука можам да зборувам за Словенија. Сега според најновите резултати Словенија полека излегува од криза, имаме раст на БДП и последните година или две словенечките фимри беа закочени. Сега кризата полека поминува и кај нас, и ако оди во иднина добро кај нас, всушност најпрво ако оди добро во Германија, ќе оди добро и кај нас, а така ќе можеме да инвестираме и на Балканот. Исто така Македонија како држава ни е приоритет и за нашата развојна помош. Неодамна потпишавме Меморандум за соработка за оваа година и на есен продолжуваме со програмата 2012-2015. Значи имаме многу планови, јас мислам дека оваа година ќе биде доста успешна и на економски план, и Словенија е една од првите инвеститори во Македонија, секако дека понекогаш имаме и проблеми кои ги решаваме на солидно ниво и можам да кажам дека секогаш имаме поддршка од ваша страна.
XS
SM
MD
LG