Достапни линкови

Народниот правобранител и ОБСЕ бараат целосно расветлување на случајот Мартин Нешковски


Народниот правобранител Иџет Мемети изрази жалење за смртта на младиот Мартин Нешковски, кој деновиве беше претепан до смрт од страна на припадник на специјалната полиција во Скопје и побара од институциите брзо и ефикасно расветлување на случајот, како и утврдување на целокупното постапување на полицијата во немилиот настан.
- Се соочуваме како општество со недоволна одговорност на полицајците при вршењето на нивните службени задачи, а исто така има појава на солидарност помеѓу полицајците, како и една наша перцепција како институција дека сторителите на ваквите дела не се казнуваат, што треба да не загрижи, изјави омбудсманот Мемети кој учествува на Регионалната конференција во Охрид на тема „Улогата на омбудсманот во борбата против дискриминацијата и превенцијата од тортура“.
Жалење за немилиот настан изрази и мисијата на ОБСЕ во Македонија, која очекува институциите на системот да ги утвдрат вистинските факти за случајот.
- Има простор за прашања во овој случај, пред се како може полицаец при извршување на својата работа да се однесува на тој начин и секако треба да се утврдат фактите и да се види како можело да дојде до такво однесување, рече Ралф Брет- Амбасадор на ОБСЕ во Македонија.
XS
SM
MD
LG