Достапни линкови

Русија ќе ја укине забраната за увоз на зеленчук од ЕУ


Русија се согласи да ја укине забраната за увоз на свеж зеленчук од земјите на Европската унија, веднаш откако ќе добие гаранции од Унијата дека зеленчукот не бил опасен. Лидерите на Русија и на Европската унија го соопштија ова по нивните денешни разговори во Нижни Новгород. Русија во минатата недела воведе забрана откако се појави бактериската инфекција поврзана со зеленчукот при што починаа 30 луѓе, главно во Германија.
XS
SM
MD
LG