Достапни линкови

Филе очекува преговори за членство во ЕУ со уште земји од Западен Балкан


Штефан Филе

Штефан Филе

,,Гледам перспектива до крајот на годината Европската комисија да почне преговори за присоединување кон ЕУ со уште земји од Западен Балкан, на пример со Македонија, каде што имаше успешни парламентарни избори,, изјави денеска на прес конференција во Брисел еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Тој оцени дека „моментот за Македонија сега настапува“ и изрази очекување Атина и Скопје да го искористат за да постигнат решение, како што препорачува ЕУ. Еврокомесарот истакна дека патот на Хрватска кон ЕУ започнал уште во октомври 2005 година, и за тоа време земјата извршила сериозни промени кон обезбедување на владеење на правото и кон пазарната економија.
XS
SM
MD
LG