Достапни линкови

Ќе има ли странски инвестиции?


Слободна економска зона Бунарџик кај Скопје

Слободна економска зона Бунарџик кај Скопје

Иако владата тврди дека имаме зголемување на странските инвестиции и најавува нови, економистите предупредуваат дека ова сепак ќе биде година на опоравување.

Минатата година, која нa економски план ја одбележа светската економска криза и последиците од неа не може да се зема како основа за споредување за успешност или не на претстојната. Ова е коментарот на економистите по изјавата на вицепремиерот Зоран Ставрески дека во последните три месеци вкупните странски инвестиции во земјава се поголеми од нивниот влез во текот на целата претходна година и дека оваа година ќе биде економски поквалитетна. За разлика од оптимизмот на владата, и Виенскиот институт излезе со поинакви согледувања односно дека логично е да се очекува дека оваа ќе биде период на опоравување. И економскиот аналитичар Шенај Хаџимустафа ја застапува
Многу е подобро да се земе некоја година кога сме биле успешни и да се споредиме со истата и доколку кажеме дека имаме подобри резултати, тогаш сме навистина на вистинскиот пат, меѓутоа кога имаме година со многу ниски инвестиции тоа мислам дека не е репер за да кажеме сега сме многу успешни.
оваа линија. Само доколку има реални и остварливи инвестиции, тоа би значело позитивен ефект. И досега имавме ветувања и слично потсетува, Мустафа:

„Многу е подобро да се земе некоја година кога сме биле успешни и да се споредиме со истата и доколку кажеме дека имаме подобри резултати, тогаш сме навистина на вистинскиот пат, меѓутоа кога имаме година со многу ниски инвестиции тоа мислам дека не е репер за да кажеме сега сме многу успешни.“

Вложувањето на странските инвеститори во Македонија би влијаело со конкретни показатели позитивно врз економскиот раст и намалување на невработеноста. За привлекување инвестиции како и секогаш остануваат важни истите услови, политичка стабилност, назависно судство, сопственички права. Ова се работи што ги интересираат сериозните инвеститори. Стопанственците, кои постојано нагласуваат дека владата треба да ги подржува и домшните инвеститори,
Засега наша задача како држава е што поскоро да се интегрираме во овие две институции и со тоа ќе дадеме сигнал до странските инвеститори дека може да инвестираат во поголем обем во земјата.

можноста од придвижување на економијата ја поврзуваат со интегрирањето на земјава во европските и евроатланските структури:

„Засега, наша задача како држава е што поскоро да се интегрираме во овие две институции и со тоа ќе дадеме сигнал до странските инвеститори дека може да инвестираат во поголем обем во земјата.“

Со ова размислување на Мирче Чекреџи од Сојузот на Стопанските комори се согласуваат и економистите, но само делумно:

„Тоа е битно, но за да влезете треба да остварите некои услови, а тоа сигурно ќе гарантира дека ќе влезете во ЕУ и НАТО.“

Доколку има подобрувања во преходно споменатите области односно силни институции и независно судство ќе има странски инвестиции. Македонија треба да работи на трите столба или се ќе остане само на ветувања, нагласуваат економистите.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG