Достапни линкови

Случаите за полициска бруталност, без завршница


Илустрација: Апсење

Илустрација: Апсење

Иако не е мал бројот на случаи на полициска бруталност, ретко кога има завршница.

„Оф, оф
заеднички испуштаа грозоморни крици,
само немој, немој по глава ’друже плави‘...“ (Азра, 1981)




„Тигрите “ претепале вратар во дискотека, „Алфите“ претепале скопјенец пред очите на неговата сопруга и двегодишниот син, „Тигар“ претепа велешанец со метална шипка... Ова се само дел од насловите за полициска бруталност објавени во последниве 5 години во дневните весници, на кои потсетуваат корисниците на социјалните мрежи.
Најдолгиот случај што го имаме е за случај на напад на граѓанин од страна на повеќе припадници на МВР каде што му се нанесени тешки телесни повреди во 2005 година и случајот се уште не е завршен.

Само годинава, 10-тина луѓе побарале правна помош од коалицијата „Сите за правично судење“, поради прекумерна употреба на сила од полицајци, додека ланската бројка е 38. Организацијата, во последниве 6 години, покренала околу 340 предмети за луѓе кои се жалат дека се жртви на полициска бруталност.

Од таму велат дека речиси половина од жалбите се однесуваат на прекумерна употреба на сила. Останите се за брутално однесување, нанесување тешки телесни повреди, малтретирање и за полициско непостапување во одредени случаи. Координаторот на проектот, Михаил Готовски, вели дека постапките против полициските службеници најчесто траат многу долго, а само 10 проценти од нив стигнуваат до суд, од кои, пак, само мал дел добиват разрешница.

Заштитниот знак на протестите против полициска бруталност во Скопје. (за да го отворите линкот, потребно е да имате отворено корисничка сметка на Твитер).

„Најдолгиот случај што го имаме е за случај на напад на граѓанин од страна на повеќе припадници на МВР каде што му се нанесени тешки телесни повреди во 2005 година и случајот се уште не е завршен.“

Еден од главните заклучоци на Народниот правобранител наведен во годишните извешати е дека Секторот за внатрешна контрола не ги истражува целосно случаите за злоупотреба или пречекорување на полициските овластувања. Портпаролот на Народниот правобранител, Уранија Пировска, вели дека одговорите што ги добиле од тој сектор многу често не соодветствуваат со тоа што тие го откриле во нивната истрага, односно секторот тврди дека полицискиот службеник не
Во рамките на тој сектор се уште постои една супкултура на прикривање на пропустите, една колегијалност, па ајде да ви кажам на крајот и неказнивост што сметам дека е и една од главните причини поради која продолжуваат да ни се случуваат случаи на тортура од страна на полициски
службеници.
применил сила, а медицинските наоди на жртвата го покажуваат спротивното.

„Во рамките на тој сектор се уште постои една супкултура на прикривање на пропустите, една колегијалност, па ајде да ви кажам на крајот и неказнивост што сметам дека е и една од главните причини поради која продолжуваат да ни се случуваат случаи на тортура од страна на полициски службеници.“

Готовски вели дека понекогаш им се случува и да не покренат предмет за жртвите кои ќе побараат правна заштита, затоа што набрзо потоа се обесхрабрат и ги повлекуваат.

„Определени наводни жртви на полициска тортура добиле и против пријава односно прекршочна или кривична пријава против нив за напад на службено лице, така што можеби и тоа е една од причините зошто одбиваат да ја спроведат постапката до крај.“

Пировска додава дека, од друга страна, судот постапува многу ажурно, брзо и ефикасно против граѓаните за кои е покрената постапка од полицијата.

Протест против полициска бруталност во Скопје на 8 јуни 2011.

„Многу често се случувало од страна на Министерството за внатрешни работи во исто време кога граѓанинот поднесува претставка против полициски службеник, во исто време Министерството да поднесе пријава против граѓанинот дека наводно пружал отпор при апсење или приведување.“

Таа додава дека не постои никаква реална санкција против полициски службеник кој ќе се однесува непрофесионално и неодговорно. Пировска смета дека од тие причини е потребно при вработување да се води сметка за психолошкиот профил на лицата кои стануваат полициски службеници и да имаат свест за човековите права, што во моментов недостасува.

„Сите козметички зафати што беа направени во полицијата, зборувам за условите во полициските станици, се ништо додека полициските службеници не сватат дека нивната одговорност е да ги штитат правата на граѓаните, а не да ги злоупотребуваат овластувањата коишто ги добиваат од државата“, вели Пировска.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG