Достапни линкови

Турски изборен баланс


Реџеп Таип Ердоган

Реџеп Таип Ердоган

Под овој наслов Фајненшал тајмс деновиве објави анализа за општите избори во таа земја што ќе се одржат в недела. Едно е јасно, се наведува во текстот, не постои сомневање во изборниот резултат.

Единственото прашање е колкава ќе биде победата на Реџеп Таип Ердоган, чија Партија на правдата и развојот владее во земјата од 2002 година, пишува Фајненшал тајмс, потенцирајќи:

„За Турците ќе биде најдобро ако оваа партија не победи со огромно мнозинство. Но, тоа нема да ги намали нејзините успеси.“

За време на владеењето, оваа партија го надгледуваше економскиот бум, му помогна на банкарскиот сектор да излезе од колапсот и ја обезаби армијата која од 1960 година помагаше во отстранувањето на четири турски влади.

Турскиот парламент

Популарноста на Ердоган е разбирлива и заслужена. Како и да е, голема победа ќе биде проблематична за неговата партија. По декада на власт, таа покажува вознемирувачки авторитарни тенденции.

Тоа можеби е последица на одговорот за пучот што го подготвувале членови на кемалистичкиот естаблишмент. Но, ударот се прошири и врз новинари и медиуми.

Со армија на спореден колосек, со судство со намалена доверба и со членство во Европската унија кое е се помалку привлечно, една силна опозиција можеби е најдобрата надеж со цел партијата на Ердоган да биде ставена под контрола.
Популарноста на Ердоган е разбирлива и заслужена. Како и да е, голема победа ќе биде проблематична за неговата партија. По декада на власт, таа покажува вознемирувачки авторитарни
тенденции.

Она што им дава посебно значење на неделните избори е заложбата на Ердоган да го измени турскиот устав. Сегашната верзија е авторитарен реликт од пучот во 1980 година. Но, правењето толку чувствителни и далекусежни измени би требало да биде процес во кој ќе бидат вклучени повеќе партии.

Доколку Партијата на правдата и развојот освои 367 од 550 те места во Меџлисот, таа овие промени ќе ги направи по свое. Најзагрижувачка од се е намерата на Ердоган да го сврти политичкиот систем во Турција од парламентарен во претседателски. Ова е лоша идеја од две причини, наведува Фајненшал тајмс. Најпрвин, бидејќи на Ердоган му го отвора патот за продолжување на неговиот шефовски престој од сегашните три на пет мандати.

Протести на курдите во Турција

Најлошо е што тоа ќе го отежне решавањето на проблемите со Курдите и со другите малцинства во Турција. Односно, како што вели Кемал Килиџдароглу, лидерот на опозиционата Републиканска народна партија, за да се направи тоа ќе биде потребна поголема децентрализација во земјата.

Турската опозиција се уште работи на својот развој. Премногу долго, таа се потпираше врз армијата и правосудството за да ги задоволи своите интереси.

Сериозните одлуки, кои следниот парламент на Турција ќе ги донесе ќе имаат поголема тежина ако се обликувани како од опозицијата, така и од владејачката партија, се заклучува во анализата објавена во Фајненшал тајмс.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG