Достапни линкови

САД демантираат дека Хилари Клинтон догодина ќе биде шеф на Светската банка


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон во посета на Радио Слободна Европа

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон во посета на Радио Слободна Европа

Американските власти ја демантираа информацијата дека американскиот државен секретар Хилари Клинтон ќе ја превземе челната функција на Светската банка. Филип Рајнс, советник на државниот секретар на САД, рече дека информациите не се вистинити. „Секретарот Клинтон не разговарала со претседателот или било кој во Белата куќа за ’селење’ во Светската банка“, рече Рајнс. Реакцијата следи по објавата на новинската агенција „Ројтерс“ според која Клинтон се подготвува догодина да ја напушти сегашната функција за да ја превземе челната позиција во Светската Банка.
XS
SM
MD
LG