Достапни линкови

Без економска слобода нема слободно новинарство


Новинари на прес конференција

Новинари на прес конференција

Осуммина вработени во телевизијата Пинк 15 поднесоа тужби против медиумот за три неисплатени плати и придонеси.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници им овозможи бесплатна правна заштита на вработените во телевизијата. До судска разврска на случајот доаѓа, откако вработени не успеаја да најдат решение на проблемот преку договор со раководството на телевизијата.

Новинарот
Најразлични објаснувања слушавме во овие шест месеци, најпрво беше дека нема плати и придонеси поради блокирана сметка поради тужба од работници кои го тужеле претходниот сопственик на телевизијата, потоа ни беше кажано дека нема пари поради состојбата со газдата кој што беше во болница во Германија, за да на крај ни кажат дека едноставно нема пари.
Александар Методијев од Пинк 15 вели дека тие постојано биле на работа и подготвувале телевизиски вести кои не биле емитувани, под образложение дека се чека некаква опрема.

„Најразлични објаснувања слушавме во овие шест месеци, најпрво беше дека нема плати и придонеси поради блокирана сметка поради тужба од работници кои го тужеле претходниот сопственик на телевизијата, потоа ни беше кажано дека нема пари поради состојбата со газдата кој што беше во болница во Германија, за да на крај ни кажат дека едноставно нема пари.“

Новинарите се жалат дека напуштиле сигурни работни места за да дојдат во Пинк 15, каде што им биле ветувани подобри услови за работа.

Презентерот на вести Александар Ивановски вели дека не се работи само за плати, туку и за достоинство.

Вработените од Пинк 15 го тужат медиумот за неисплатени плати и придонеси

„Ова не е изолиран случај постојат многу вакви ситуации не само во медиумскиот сектор туку и во останатите сектори во општеството и токму поради тоа ова не е само прашање на финансиска сатисфакција туку и на човечко достоинство.“

Адвокатката на новинарскиот синдикат Наталија Радивојевиќ Миленкова вели дека е фрапирана од степенот на кршење на работничките права во новинарската професија.
Економски зависен новинар неможе да произведе слободен текст, слободен производ. Кога вие знаете дека секој момент може да изгубите работа, немате потреба од цензура, автоцензурата е таа која што ќе направи да го пишувате и работите она што мислите дека работодавачот од вас го бара.

„Лично сметав дека доколку ви се ставени на располагање сите овие инструменти коишто ги имате за јавно изнесување на проблемите и за јавно креирање на свеста на населението дека нема да дојде до кршење на овие права до степен до кој што е сега.“

Претседателката на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Тамара Чаусидис, вели дека состојбата во македонските медиуми е ужасна. Има работа на црно, однапред потпишани спогодбени откази, не се плаќа социјално, пензиско и здравствено осигурување, вели таа.

„Новинарите и медиумските работници во Македонија се исплашени, понижени и замолкнати. Замолкнати во онаа димензија во која тие треба да бидат активни, да бидат гласот на јавноста и на слободата, но тие се апсолутно неслободни.“

Чаусидис е децидна дека прањето за економска слобода на новинарите е всушност прашање на слободата на новинарството.

„Економски зависен новинар не може да произведе слободен текст, слободен производ. Кога вие знаете дека секој момент може да изгубите работа, немате потреба од цензура, автоцензурата е таа која што ќе направи да го пишувате и работите она што мислите дека работодавачот од вас го бара.“
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG