Достапни линкови

logo-print

МААЕ ќе поднесе резолуција за Сирија пред ОН


Седиштето на МААЕ во Виена

Седиштето на МААЕ во Виена

Бордот на гувернери на Меѓународната агенција за атомска енергија денеска одлучи да поднесе резолуција за Сирија пред Советот за безбедност на ОН. Сирија се сомничи дека има недозволени нуклеарни активности. Соединетите држави , како и некои други држави бараа да се разгледа нуклеарната активност на Сирија, бидејќи сметаат дека земјата не ги исполнила предвидените договори со Меѓународната агенција. Во извештајот на МААЕ се наведува дека сириската постројка Даир Алзур уништена за време на израелските напади во 2007-та, најеверојатно била нуклеарен реактор. Сирија инсистира на ставот дека тоа бил воен реактор, но не бил нуклеарен. Овој обид на МААЕ доаѓа во исто време кога европските сили бараат Советот да донесе резолуција со која се осудува режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, за неговото однесување со демонстрантите.
XS
SM
MD
LG