Достапни линкови

ЕУ-останува безвизниот режим за Западен Балкан


Скопје 2009-Прослава на одлуката за укинување на Шенген визите

Скопје 2009-Прослава на одлуката за укинување на Шенген визите

Министрите за внатрешни работи и правда на Земјите членки на ЕУ, денеска во Луксембург не разговараа за било какво привремено укинување на визниот режим за земјите од Западен Балкан. Тие заклучиле дека земјите од Западен Балкан оствариле одреден напредок во примената на визната либерализација, но дека и понатаму многу азиланти доаѓаат од Македонија и Србија. Европската комесарка за внатрешни работи Сесилија Малмстрем изјави дека некои членки поради тоа биле многу загрижени и затоа се договориле многу наскоро повторно да се навратат на тоа прашање. Таа изјави дека властите од земјите во Западен Балкан мора да ги зајакнат реформите за да ги зачуваат достигувањата постигнати со ЕУ.
XS
SM
MD
LG