Достапни линкови

Годинава во Белгија азил побарале 452 македонски граѓани


Во Белгија барања за азил во мај годинава поднеле 91 македонски државјани, во април 100 македонски државјани. Според бројот на азилантите во Белгија, Македонија се најде на седмото место во мај, додека во април беше на петто место. Од почетокот на 2011 година, во Белгија азил побарале 452 македонски државјани. Од сите овие барања, статут на и азилант добило само едно лице.
Во врска со ризиците за повторно враќање на визниот режим за Македонија и Србија, белгискиот државен секретар за имиграција и азил Малшиор Ватле изјави дека тие постојат. Тој изјави дека иако во 2009-та изгледало дека условите побарани од властите се исполенти, денеска повеќе не е така, тоа особено важи за властите во Македонија. Белгија и Шведска почнаа да се жалат поради бројните барања за политички азил од српски и македонски граѓани, кои се обидуваат да го злоупотребат системот. Денеска пред министрите на ЕУ треба да биде преставен извештај за тоа како Србија и Македонија го користат безвизниот режим. Белгискиот министер за миграција изјави дека извештајот за Србија не е многу позитивен, а за Македонија е многу, многу негативен. Врз основа на извештаите земјите од ЕУ можат повторно да им воведат визи на Србија и на Македонија.
XS
SM
MD
LG