Достапни линкови

logo-print

Бунтовниците во Либија ќе добијат парична помош од Запад


Либиски бунтовници во Мисрата

Либиски бунтовници во Мисрата

Либиските бунтовници ќе добијат повеќе од 500 милиони долари помош, се договорија Западните и Арапските земји, кои присуствуваа на состанокот за Либија во Абу Даби. Состанокот беше посветен на плановите за иднината на Либија по заминувањето на Моамер Гадафи. На состанокот присуствува американскиот државен секретар Хилари Клинтон и претставници од Франција, Италија и Велика Британија, како и од арапските сојузници, Катар, Кувајт и Јордан.
Италијанскиот министер за надворешни работи, Франко Фратини, изјави дека Италија ќе им даде на бунтовниците 400 милиони евра, помош во пари и гориво од замрзнатите либиски средства. Обвинителите од Меѓународниот кривичен суд соопштија дека пронашле докази кои го поврзуваат Гадафи со планирање политика за силување на противниците.
XS
SM
MD
LG