Достапни линкови

СРД -конечен извештај за медиумско покривање на изборите


Советот за радиодифузија ги објави конечните резултати за тоа како медиумите ги покривале изборите. Прекршочни постапки во периодот пред започнување на изборната кампања се поведени против телевизите Алб, Канал 5, и А1. Вкупно 12 прекршочни постапки се поведени за периодот на изборната кампања и тоа две за А1, по една за Канал 5, БТР, Сител, Ирис, Шутел, ТВ Алб, ТВ Сонце Прилеп и Наша ТВ. Прекршочни постапки за време на изборниот молк се поведени против А1, две прекршочни за МТВ 1, ТВ Сонце Прилеп , ТВ Сител.
Поради неизбалансираност на информирање прекршочни се поднесени за МТВ 1, А1, Сител, ТВ Алб, Канал 5, Аб Канал, а од радијата Македонско радио прва програма.
А за неизбалансираност во интервјуата прекршочни заработија Наша ТВ и Канал 5 плус.
Според СРД медиуми кои избалансирано известувале се Телма, Алсат-М, Алфа а од радијата Канал 77 Штип.
A, АЛБ ТВ, МТВ, А1, Радио МТВ 1, се драстично неизбалансирани.
XS
SM
MD
LG