Достапни линкови

Русија го преполови снабдувањето со струја за Белорусија


Русија го преполовила снабдувањето со електрична енергија на Белорусија , затоа што Белорусиај не ги платила сметките. Од Министерството за енергија на Белорусија соопштуваат дека денеска Русија го преполовила снабдувањето, затоа што Белорусија должи 54 милиони долари. Русија снабдува 10 проценти од потребите од електрична енергија на Белорусија. Од Министеството велат дека потрошувачите нема да бидат погодени од недостатокот на струја, и дека Белорусија ќе се потруди брзо да го врати долгот. Земјата се соочува со најлоша криза од 1991, по распадот на Советскиот сојуз.
XS
SM
MD
LG