Достапни линкови

Македонија и Србија може да ја изгубат безвизната слобода


Македонија и Србија се соочуваат со ризикот да го изгубат безвизниот режим, затоа што нивните влади не успеаа да го запрат екзодусот на лажните азиланти, предупреди денеска Белгија. Белгија и Шведска постојано се жалеа дека се преплавени со барањата за азил од српски и македонски граѓани кои се обидуваат да го злоупотребат системот. Денеска пред министрите на ЕУ треба да биде преставен извештај за тоа како Србија и Македонија го користат безвизниот режим. Белгискиот министер за миграција изјави дека извештајот за Србија не е многу позитивен, а за Македониај е многу, многу негативен. Врз основа на извештаите земјите од ЕУ можат повторно да им воведат визи на Србија и на Македонија.
XS
SM
MD
LG