Достапни линкови

Медиумите ги прекршиле професионалните стандарди


Според МИМ, медиумите не покажале професионална солидарност и меѓусебно се напаѓале за туѓи интереси.

Предвремените парламентарни избори се спровеле во мирна, фер и демократска атмосфера, но кај голем дел од набљудуваните медиуми се забележани прекршувања на професионални стандарди. Ова се клучните наоди во извештајот од интегрираниот мониторинг на изборите „Мојот Избор 2011“, кој го изработија Македонскиот институт за медиуми, МЦМС и „Социетат цивилис“.
Медиумите и новинарите не успеаја да се наметнат како конструктивни и влијателни актери во предизборието и со тоа да ја остварат нивната улога на чувари на јавниот интерес и на коректори на власта и останатите политички субјекти.

Програмскиот менаџер на македонскиот институт за медиуми, Петрит Сарачини, вели дека јавните гласила, меѓу другото, не успеале да покажат професионална солидарност и меѓусебно се напаѓале во име на туѓи интереси.

„Медиумите и новинарите не успеаја да се наметнат како конструктивни и влијателни актери во предизборието и со тоа да ја остварат нивната улога на чувари на јавниот интерес и на коректори на власта и останатите политички субјекти.“

Се забележува и на емитувањето вонредни вести за да се известува од политички митингзи.

„Би сакале да ги потсетиме колегите дека дел од кајронот за вонредни вести во медиумите по правило се користи само во случај кога се случило нешто вонредно, нешто многу значајно, нешто неочекувано и непредвидливо. А, во изборните кампањи однапред се познати и времето и говорниците на митинзите“, вели Сарачини.

Според наодите од мониторингот, весниците и телевизиите, или фаворизирале или тенденциозно критикувале. Весна Никодиновска од Македонскиот институт за медиуми појаснува:

„Евидентирани беа примери во кои се забележуваат суптилни и експлицитни форми на фаворизирање или критикување на одредена политичка опција. Кај одредени телевизии се користеа различни
Би сакале да ги потсетиме колегите дека дел од кајронот за вонредни вести во медиумите по правило се користи само во случај кога се случило нешто вонредно, нешто многу значајно, нешто неочекувано и непредвидливо...
медиумски алатки за изразување претерана поддршка или тенденциозна критика.“

Освен медиумите, во извештајот се наведуваат и забелешки за предизборните кампањи. Политикологот Владимир Мисев вели дека поларизираност била забележана и во кампањите.

„Поларизираната атмосфера често резултираше со употерба на несоодветни квалификации на противниците, но и заплашување на гласачите. На денот на изборите, одредени неправилности беа регистрирани од страна на набљудувачите на мисијата. Сепак, морам да нагласам дека станува збор за лимитирана мисија од 200 набљудувачи кои што покрија само дел од избирачките места.“

Мојот Избор 2011 - презентација на конечните наоди

x

Во резултатите од мониторингот се наведува дека Државната изборна комисија работела транспарентно, едукацијата на изборните органи била успешна, но имало потешкотии во организирањето на гласањето во странство поради кратките рокови и законските празнини.
XS
SM
MD
LG