Достапни линкови

ЕУ денеска ќе расправа за визната либерализација на Западен Балкан


Министрите за внатрешни работи на ЕУ и нивните колеги од Норвешка, Исланд, Лихтенштајн и Швајцарија денеска, на маргините на состанокот на Советот за внатрешни работи и правда, ќе расправаат за извештајот на Европската комисија за контролниот механизам за визна либерализација на Западен Балкан и новиот предлог за измена на правилата за слободен визен режим, кој предвидува забрзана постапка за укинување на визната либерализација.
На состанокот на Заедничкиот комитет, еврокомесарката за внатрешни работи Сесилија Малмстром ќе го претстави извештајот на Комисијата за контролниот механизам за визна либерализација на земјите од Западен Балкан чие воведување е договорено во ноември минатата година.
Во првиот полугодишен извештај се наведува дека иако постојат голем број злоупотреби на визната либерализација, поголемиот дел од патниците доаѓаат со добра намера, а само мал дел од нив во 80 проценти од случаите Роми и Албанци ги злоупотребуваат и бараат азил.
Воведувањето на контролниот механизам е резултат на компромисот меѓу Европската комисија и некои земји-членки на ЕУ кои беа против безусловна визна либерализација за Босна и Херцеговина и Албанија поради стравувањата дека може да дојде до злоупотреби како што беше случајот со Македонија и Србија.
XS
SM
MD
LG