Достапни линкови

САД: Иран провоцира со производството на ураниум


Одлуката Иран да го зголеми за трипати призводството на ураниум и да го префрли процесот на збогатување во тајна централа, е рамен на провокација, оценуваат Соединетите држави. Портпаролот на Националниот Совет за безбедност Томи Виетор изјави дека со ваквите провокативни чекори не може да се изгради доверба во намерите на Иран во врска со неговата нуклеарна програма. Тој го повика Иран да го преиспита потегот. Вчера Техеран соопшти дека ќе пренесе дел од постапката за збогатување на ураниум од централата во Натанц во централа во Фордо и дека за три пати ќе го зголеми производството.
XS
SM
MD
LG