Достапни линкови

logo-print

Западните земји „за“, Кина и Русија „против“ резолуција за Сирија


Од антивладините протести во Сирија

Од антивладините протести во Сирија

Советот за безбедност на ОН во следните неколку денови би можел да изгласа резолуција со која се бара од сирискиот режим да го запре насилството и да го продолжи политичкиот дијалог со опозицијата, тврдат дипломатски извори. И покрај заканата за можно вето од Русија и Кина, Советот ќе започне разговори за резолуцијата предложена од Велика Британија, Франција, Германија, Португалија и САД, тврди британскиот амбасадор во ОН, Лајал Грант. САД го подржуваат предлогот за резолуција за Сирија. Портпаролот на Стејт Департментот, Марк Тонер изјави дека Вашингтон се обидува да ги убеди другите членки на Советот да ги поддржат мерките.
XS
SM
MD
LG