Достапни линкови

Во Грција штрајк на вработените во државните претпријатија


Вработените во грчките државни претпријатија денеска ќе стапат во 24-часовен штрајк поради владините планови за нивна приватизација. Во штрајкот ќе учествуваат и вработените во градскиот транспорт. Федерацијата на државните службеници најави дека работата во државниот сектор денеска ќе биде прекината од 11 часот па се до крај на работното време. На штрајкот му се приклучуваат и вработените во грчкиот телеком ОТЕ и во Поштенска банка.
XS
SM
MD
LG