Достапни линкови

Во Турција потпишан договорот за Набуко


Договорот за поддршка на проектот за гасоводот „Набуко“ беше потпишан денеска во турскиот град Кајсери. Документот, беше потпишан од националните компании кои учествуваат во реализација на проектот за гасоводот, и соодветните министерства на петте земји, преку кои ќе преминува транзитот на природен гас - Австрија, Бугарија, Унгарија, Романија и Турција. Иако беше планирано изградбата на Набуко да започне во 2011 година, но плановите беа одложени за 2013 година, при што се очекува транспортот на гас да почне во 2017 година. Набуко“ има за цел да доставува касписки гас за Европа , заобиколувајќи ја Русија преку Азербејџан, Грузија, Турција, Бугарија, Романија и Австрија.
XS
SM
MD
LG