Достапни линкови

logo-print

Бан Ки Мун- глобална солидарност за ставање крај на Сидата


Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун денеска повика на глобална солидарност за ставање крај на Сидата , на отварањето на тридневната конфернеција посветена на разгледување на напредокот на болеста. Конференцијата во седиштето на ОН во Њујорк е прва од ваков тип по онаа оджана во 2001-та, и има за цел да ги разгледа глобалните стратегии за борба против болеста, и тоа 30 години откакао беше регистриран првиот заболен . Бан Ки Мун предложи програма од пет чекори
универзален пристап до здравствена заштита, ниска цена на лековите, отчетност, превентивни мерки, како и почитување на достоинството и човековите права на луѓето заболени со ХИВ и Сида. Според статистиката на ОН, во светот, има околу 34 милиони луѓе кои живеат со ХИВ-вирусот.
XS
SM
MD
LG