Достапни линкови

logo-print

Нафтата поскапува, ОПЕК не го зголемува производството


Цената на нафтата денеска се искачи над 100 долари за барел, но Организацијата на земјите извознички на нафта на состанокот во Виена одлучија производството да го задржат на сегашното ниво. Аналитичарите очекуваа групата да го зголеми производството , за да го ублажи поскапувањето на нафтата . Зголемената потрошувачка на нафта и немирите на Блискиот Исток и во Северна Африка, кои се богати со нафта, допринесоа цената на нафтата да се зголеми за 25 проценти од јануари до април. Денеска на берзата во Њујорк барел нафта се продава за 100, 34 долари, а на берзата во Лондон за 118 долари.
XS
SM
MD
LG