Достапни линкови

logo-print

Ал Каеда ќе продолжи со џихадот против Запад


Ајман ал-Завахири

Ајман ал-Завахири

Ајман ал-Завахири, кој се смета за оперативен лидер на Ал Каеда, во видео порака се закани дека ќе ја продолжи работата на Осама бин Ладен и повикал на џихад против Западот. Тој изјавил дека ќе продолжат со џихадот се додека не ги избркаат напаѓачите од муслиманските земји. Во 28-минутната видео порака Ал-Завахири вели дека САД се соочуваат со светски муслимански бунт. Се верува дека Ал Завахири се крие некаде долж авганистанско-пакистанската граница.
XS
SM
MD
LG