Достапни линкови

НАТО ќе остане во Либија онолку колку што е потребно


Шефот на НАТО Андерс Фог Расмусен

Шефот на НАТО Андерс Фог Расмусен

НАТО ќе остане во Либија онолку колку што е потребно, и ќе употребат неопходни средства во кампањата против Моамер Гадафи, се согласија земјите членки на Алијансата, на денешниот состанок во Брисел. Во соопштението од НАТО се вели дека Гадафи треба да се повлече. Министрите за надворешни работи на земјите члeнки на првиот ден од дводневниот состанок, изјавија дека се решени да продолжат со нивната работа да го заштитат либискиот народ онолку долго колку што е потребно. Шефот на НАТО Андерс Фог Расмусен, изјави дека по завршување на конфликтот , НАТО ќе се повлече, а на терен ќе стапат ОН.
XS
SM
MD
LG