Достапни линкови

Британија и Франција ќе бараат ОН да донесе резолуција за Сирија


Советот за безбедност на ОН

Советот за безбедност на ОН

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека Британија и Франција ќе достават до Советот за безбедност на ОН резолуција за осуда на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад. Зборувајќи пред парламентот Камерон ,изјави дека оние што ќе гласаат против резолуцијата или ќе стават вето, тоа нека им биде на совест. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека тие се противат на идејата на ОН со резолуција да се осуди режимот на Асад. Лавров изјави дека Советот за безбедност и меѓународната зедница се добро вовлечени со конфликтот во Либија. Во март ОН ја афторизираа НАТО да ја преземе мисијата во Либија. Русија и Кина тоагаш гласа воздржано. И Кина стави до знаење дека е против Советот да донесе резолузија за Сирија.
XS
SM
MD
LG