Достапни линкови

logo-print

Во Германија стивнува бактериската инфекција


Германскиот министер за здравство Даниел Бар денеска изјави дека постојат причини за надеж оти бактериската инфекција од која починаа најмалку 24 луѓе го достигнала својот врв. Иако секојдневно има нови случаи на заразени, тој посочи дека нивниот број постепено се намалува. Освен еден, сите други смртни случаи се регистрирани во Германија. Тамошните власти се уште се обидуваат да го детерминираат изворот на инфекцијата. Прозводителите на зеленчук во изминативе неколку недели загубија милиони евра откако се појавија сомневања дека заразата се пренесувала преку некои видови свеж зеленчук.
XS
SM
MD
LG