Достапни линкови

Финансиски извештаи доставиле 13 партии


Тринаесет организатори на изборната кампања поднесле финансиски извештаи до Комисијата за спречување на корупцијата, во вториот предвиден рок за тоа, по завршувањето на кампањата за предвремените парламентарни избори. Извештаи до Антикорупциска не доставиле пет политички партии, меѓу кои се Обединети за Македонија, ВМРО-Народна, ПДП, НДУ и СДПМ. Согласно Изборниот законик, за политичките партии кои не доставиле финансиски извештаи ќе биде поднесена прекршочна пријава, која согласно законот предвидува казна од 4.000 до 5.000 евра.
XS
SM
MD
LG