Достапни линкови

Во Охрид состанок на началниците на генералштабовите од Балканот


Петтата конференција на началниците на генералштабовите на балканските земји денеска во Охрид ја отвори претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов. Притоа тој изрази задоволство што балканските лидери во изминатите десет години, мотивирани од заедничката европска агенда, свртиле нова страница од заедничката историја. На Конференцијата во Охрид учествуваат началниците на ГШ на вооружените сили на Македонија, на Албанија, на Босна и Херцеговина, на Бугарија, замениците на НГШ на Грција, на Романија, на Србија, командантот на третата Турска армија, како и НГШ на ВС на Црна Гора.
XS
SM
MD
LG