Достапни линкови

Грчката влада не сака референдум за буџетската програма


Портпаролот на грчката Влада Георгиос Петалотис изјави дека не се планира референдум за одобрување на буџетската програма, во кој се вклучени новите економски мерки и забрзаната приватизација за надминување на должничката криза. Во грчките медиуми вчера беше објавено дека премиерот Јоргос Папандреу размислува за распишување на референдум за мерките за економско заздравување од кои зависи кредитирањето од меѓународните финансиски институции.
XS
SM
MD
LG