Достапни линкови

Русија е против осуда на режимот во Сирија


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Русија е против идејата за резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации со која ќе се осуди крвавото справување со антивладините протести во Сирија. До оваа негова изјава дојде откако Франција, Британија и Соединетите држави соопштија дека ќе побараат гласање во Советот за безбедност за осуда на режимот на претсдателот Башар ал Асад. Според Лавров, Советот за безбедност треба да помогне да се изнајде политичко решение на ситуацијата во Либија. Русија има блиски односи со Сирија, како и своја поморска база во Тартус на сирискиот брег на Медитеранот.
XS
SM
MD
LG