Достапни линкови

Конференција на началниците на ГШ од балканските земји


Мирослав Стојановски

Мирослав Стојановски

Во Охрид денеска почнува петтата Конференција на началниците на генералштабовите на армиите од балканските земји. На овој собир покрај домаќинот, началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски, ќе учествуваат и високи претставници на оружените сили на Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Романија, Србија, Турција и на Црна Гора. Како гости меѓу другите ќе присуствуваат и заменик претседавачот на Воениот комитет на НАТО генерал-потполковник Валтер Гаскин, командантот на Здружената команда на НАТО во Неапол, адмирал Самуел Локлиер и заменик директорот за планирање на командата на силите на САД во Европа, Мајкл Рајан. Во фокусот на оваа конференција се очекува да биде зајакнувањето на соработката на полето на обуката и вежбите, јакнењето на добрите меѓусоседски односи, како и продолжување на започнатите процеси за заемно справување со современите безбедносни предизвици, иницирани на претходните конференции.
На отворањето на 5-та конференција на началниците на генералштабови од Балканот, како што е најавено, ќе присуствува и претседателот на Република Македонија и Врховен командант на оружените сили Ѓорге Иванов, кој ќе има обраќање пред учесниците.
XS
SM
MD
LG