Достапни линкови

Жестоки напади на авионите на НАТО врз Триполи


Авионите на НАТО ги продолжуваат нападите врз цели во Триполи, кои се опишани како едни од најжестоките бомбардирања на либискиот главен град од почетокот на операцијата во март. Во текот на целата ноќ се изведувале по неколку напади секој час, а засега не е соопштено кои цели се погодени. Режимот на Гадафи вчера соопшти дека во последните напади на НАТО загинале 31 лице, вклучувајќи и цивили. Засега нема потврда на овие информации од независни извори.
XS
SM
MD
LG